Вардар ги дозна противниците во Лигата на шампионите

Ракометниот клуб Вардар ќе игра во групата Б од Лигата на шампионите, заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок.

Македонскиот ракометен првак Вардар ги дозна противниците за новата сезона во Лигата на шампионите, по ждрепката што се одржа во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена.

Вардар ќе игра во групата Б, заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок.

Во оваа фаза македонскиот претставник ќе одигра шест натпревари, а новиот систем на натпреварување носи јасна цел — пласман меѓу првите два тима во групата.

Екипите што ќе завршат на првото и второто место ќе продолжат понатаму во Лигата на шампионите, додека третопласираните и четвртопласираните ќе се преселат во второто по ранг европско натпреварување, Лига Европа.

Според претходно најавениот календар, новата сезона во Лигата на шампионите треба да започне на 9 септември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс