Со овој резултат Вардарци ја анулираа предноста која што ја имаа Финците по првиот натпревар во Скопје, по што натпреварот отиде во продолженија. Вардар поведе со 0:1 во 59 минута со автогол на Саволаинен, додека со пенал во 90 минута, успешно реализиран од Горан Закариќ, беше обезбеден резултат за продолженија.
Резултатот во своја корист во продолженијата прво го свртеа домаќините, со голот на Армах во 100. минута, пред Пулеио повторно да го изедначи двомечот само две минути подоцна.
Сепак, пеналот на крајот на првото продолжение, успешно искористен од страна на Парижек го донесе конечниот резултат на двомечот и обезбеди пласман за КуПС во втората квалификациска рунда од Лигата на Шампионите.