Утрово на „Табановце“ и „Богородица“ се чека по 30 минути

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс