Денес температурите повторно ќе скокнат: Македонија ја очекува нов топлотен удар, еве каде ќе биде најжешко

На 20 август Македонија ја очекува сончево и многу топло време, со температури до 39 степени. Проверете ја прогнозата за Скопје и останатите градови.

Денес земјава ја очекува уште еден жежок летен ден, со сончево време и температури кои во делови од земјата ќе се искачат близу 40 степени. Во утринските часови времето ќе биде претежно сончево, а во текот на денот ќе има мала до умерена облачност. Попладне во планинските и повисоките подрачја ќе има услови за локална нестабилност, со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со максимална температура околу 37 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, а поради високите температури најтоплиот дел од денот повторно ќе биде особено непријатен за престој на отворено. Во останатите делови од Македонија температурите ќе се движат во интервал од 30 до 39 степени, при што најтопло ќе биде во јужните и централните подрачја.

Жешкото време продолжува и во наредните денови, па летото сè уште не се откажува од високите температури.

е-Трн да боцка во твојот инбокс