Search

УСАИД додели грантови за афирмирање на женскиот потенцијал во бизнисот

Консалтинг за стратешки развој во рамките на Проектот на УСАИД за јакнење на деловниот екосистем додели сертификати за грантови на 4 организации – Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на стопански комори на Македонија, Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување и Занаетчиска комора- Скопје –  кои ќе работат на економско јакнење на жените во бизнисот.

Oвие организации ќе спроведуваат активности насочени кон подобрување на постоечки и/или развивање на нови услуги за своите бизнис членки, промоција на економското јакнење на жените и економска рамноправност, како и помош за надминување на последиците од економската криза.

Покрај церемонијата за доделување на грантови, беа одржани и две панел дискусии каде беа претставени проектите на организациите- добитнички на грантови поддршка и очекуваните резултати, како и панел дискусија на тема предизвици и можности на жените во традиционално „машки“ професии.

Клучните заклучоци од панел дискусиите се следните:

  • Голем дел од предизвиците со кои се соочуваат жените во бизнисот се поврзани со родовите стереотипи и предрасуди, дел од кои водат и до родова поделба на професиите. Нема „машки“ и „женски“ професии, а жените не треба да се насочуваат само кон ниско платени работни места;
  • Жените треба да имаат пристап до информации, контакти, финансии, пазари како и менторство и специјализирани обуки за да направедуваат на лидерски позиции. Зголемувањето на родовата еднаквост на работното место придонесува за поразвиени и поконкурентни микро, мали и средни претпријатија;
  • Потребни се конкретни мерки, акции и политики за родова еднаквост со цел да се овозможи инклузивна работна средина и да се поддржи развојот на женскиот потенцијал во приватниот сектор.

Активноста за јакнење на деловниот екосистем кој се спроведува во периодот меѓу 2022-2026 има цел да придонесе кон подобрувањето на продуктивноста, растот и конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија и нивното прилагодување на кризните економски состојби преку подобрени услуги на

деловните здруженија во Северна Македонија. Повеќе информации за проектот ќе најдете на: https://bit.ly/3PLPM6S

Најново

Последни колумни