Украина тврди дека уништила руски центар за дронови во Донецк: загинале 65 војници

Украинските сили за беспилотни системи и SBU соопштија дека погодиле руски центар за обука и производство на дронови во окупираниот, при што, според Киев, загинале најмалку 65 руски војници.

Украинските сили тврдат дека извршиле силен напад врз руски воен објект во окупираната област, каде што бил уништен центар за обука и производство на дронови. Според соопштение од новоформираните украински сили за беспилотни системи (USF) и Службата за безбедност на Украина (SBU), цел на нападот бил комплекс кој се користел за обука на оператори со беспилотни летала и за склопување борбени делови.

Во нападот, како што тврди Киев, биле уништени работилници, опрема, муниција и неколку оклопни возила тип „Тигар“, кои биле во објектот на поправка.

Украинската страна наведува дека во операцијата загинале најмалку 65 руски војници, меѓу кои и командантот на центарот, додека биле изведени повеќекратни прецизни удари со беспилотни летала. Операцијата, според украинските воени претставници, е дел од поширока кампања со која се таргетираат руски воени позиции и логистика длабоко на окупираните територии.

Киев тврди дека ваквите напади значително ја нарушуваат обуката и снабдувањето со дронови на руските единици на фронтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс