Украина бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН по жестоките руски напади

Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН и ОБСЕ по масовните руски воздушни напади врз Киев и други градови, во кои има загинати и десетици повредени.

Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации и состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по масовните руски воздушни напади, изјави во неделата украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Сибиха, во објава на социјалната мрежа X, повика и на „соодветен и силен одговор кон агресорот“ по ноќните напади, кои главно биле насочени кон Киевската област, а во кои била употребена балистичката ракета со среден дострел „Орешник“.

Тој ја обвини Русија дека „недостатокот од воен напредок на фронтот во агресивната војна против Украина“ се обидува да го надомести со „варварски ракетни напади“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс