Повеќе медиуми јавуваат дека полицијата денеска ја уапсила директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар.
Според информациите, заедно со директорката уапсени се и две лица, нејзини соработници во „Комуналец“.
Претходно, директорката беше суспендирана од страна на градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.
Инаку, Асани, откако избувна епидемијата, тврдеше дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негираше информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани велеше дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа причина за заболувањата на над 1.200 граѓани била храната што ја јаделе или високите температури.