По нападите во две училишта во Турција: приведени 83 лица, блокирани стотици профили

По серијата пукања во училишта, турските власти започнаа масовна акција против содржини на социјалните мрежи. Приведени се десетици лица, блокирани профили и затворени групи на Телеграм кои ширеле паника и поддршка за напаѓачите.
Nova pucnjava u školi u Turskoj! Poginulo najmanje četvero ljudi, deseci ranjeni Foto: HANDOUT/AFP/Profimedia

По двата шокантни напади во училишта во Турција, властите презедоа обемни мерки против содржини на интернет кои, според нив, ширеле паника, дезинформации и поддршка за насилството.

Според официјални информации, приведени се најмалку 83 лица поради објави на социјалните мрежи поврзани со нападите, додека пристапот до стотици профили е блокиран. Во исто време, затворени се и десетици групи на Телеграм кои ширеле вознемирувачки содржини и лажни информации за нови напади. 

Надлежните институции соопштија дека биле покренати постапки против стотици корисници кои објавувале провокативни или неточни информации, а дел од нив дури и го величеле напаѓачот, што дополнително ја влошило јавната паника. 

Во рамки на акцијата, блокирани се стотици профили и ограничен е пристапот до голем број онлајн содржини, додека посебно внимание било насочено кон Телеграм групи со илјадници членови, во кои се ширеле лажни најави за нови напади и се поттикнувала вознемиреност кај населението. 

Овие мерки доаѓаат по серија напади во училиштата, кои ја потресоа турската јавност и отворија прашања за безбедноста, но и за улогата на социјалните мрежи во ширење паника во вакви ситуации.

Властите најавија дека ќе продолжат со следење и санкционирање на онлајн содржини кои можат да предизвикаат дополнителна нестабилност, додека истрагата за нападите и понатаму е во тек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни