Апелација му ја стопираше салата во Белата куќа, Трамп бара Врховниот суд итно да реагира

Американскиот претседател гневно го нападна апелацискиот суд кој го блокираше проектот и најави итна правна битка за салата со приватни донации.
Фото: Flickr/Gage Skidmore

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики до Апелацискиот суд на САД, кој ја блокираше изградбата на новата мултифункционална сала во рамки на комплексот на Белата куќа. Трамп порача дека Врховниот суд мора итно да реагира и да ја поништи оваа одлука, нагласувајќи дека целиот проект целосно се финансира од приватни донатори, а не од парите на американските даночни обврзници.

Апелацискиот суд изрече привремена мерка со која се запираат сите подготвителни работи и изградбата на објектот во непосредна близина на Белата куќа. Судиите ја донесоа одлуката по жалбите на граѓански организации и здруженија за заштита на културното наследство, кои тврдат дека проектот ги прекршува урбанистичките процедури и законските регулативи за заштита на историскиот локалитет.

Оваа одлука претставува сериозна правна кочница за планот на Трамп, кој сакаше да го заврши објектот за време на својот мандат.

Американскиот претседател веднаш реагараше на одлуката, истакнувајќи дека Врховниот суд на САД мора да ја преиспита пресудата и да дозволи продолжување на работите. Според него, одлуката на апелација е политички мотивирана и ги кочи проектите од национален интерес.

Трамп подвлече дека државата нема никаков финансиски трошок за изградбата, бидејќи потребните средства се веќе обезбедени преку приватни донации. Правниот тим на Белата куќа веќе ја подготвува поднеската до Врховниот суд, со барање за итно постапување по случајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс