ХБО ја подготвува петтата сезона од крими-серијата „True Detective“, во која главните улоги им припаднаа на Антонио Бандерас и Николас Кејџ. По успехот на претходната сезона сместена на Алјаска, авторката Иса Лопез го преместува дејството во Њујорк. Бандерас влегува во улогата на Раи Гарсија, додека Кејџ ќе го толкува ликот Хенри Логан, во приказна за која продукцијата најавува уште помрачен наративен тон.
По успехот на четвртата сезона „True Detective: Night Country“, која во 2024 година освои 19 Еми номинации и награда за Џоди Фостер, антологијата целосно го менува географскиот простор. Продукцијата ја напушта ледената изолација на Алјаска и се позиционира во Њујорк, со што фокусот се префрла на урбан терен.
Продуцентката Иса Лопез, која потпиша повеќегодишен ексклузивен договор со HBO, веќе работи на новите сценарија. Според нејзините најави, новата приказна носи поинакви ликови и амбиент, но ќе задржи одредени наративни врски со настаните од претходната сезона во градот Енис. Секоја етапа од оваа антологија започнува со ново убиство, па истрагата повторно ќе биде главен двигател на заплетот.
Кастингот се комплетираше во средината на октомври, откако Николас Кејџ најпрво го потврди своето учество на настанот „Њујорк комик кон“. Неколку дена подоцна, магазинот „Variety“ објави дека му се приклучува и Антонио Бандерас. Бандерас ќе го игра Раи Гарсија, а Кејџ доаѓа како партнер во улогата на Хенри Логан. Засега деталите за профилите на нивните карактери и односите меѓу нив се чуваат во тајност.
Официјалниот датум за почеток на продукцијата и премиерата сè уште не се објавени од страна на HBO.
