Транспортот, храната и облеката најмногу поскапеле во мај

Трошоците на животот во мај годинава, во споредба со истиот месец лани, се зголемени за 4,8 проценти, додека цените на мало во истиот период бележат раст од 5,6 отсто. Според официјалните податоци, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај, во однос на април, изнесува 0,6 проценти. Најголем месечен раст е забележан во секторот транспорт, каде трошоците се зголемиле за 1,6 отсто. Пораст има и кај облеката и обувките, како и кај храната и безалкохолните пијалаци, за по 1,0 процент. Статистиката бележи зголемување и во групите рекреација, спорт и култура за 0,9 отсто, информации и комуникации за 0,7 проценти, како и кај рестораните и услугите за сместување за 0,5 отсто. Минимален раст од по 0,1 процент има кај здравствената заштита и кај домувањето, водата, струјата, гасот и другите горива. Од друга страна, во мај, во споредба со април, намалување на трошоците на животот е евидентирано кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги за 0,4 проценти, како и кај покуќнината, опремата и редовното одржување на домаќинствата за 0,1 отсто. Трошоците на животот во групите образовни услуги, осигурување и финансиски услуги, како и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, останале на исто ниво како и во претходниот месец. Цените на мало во мај, во однос на април, се зголемени за 0,8 проценти.

Трошоците на животот во мај годинава, во споредба со истиот месец лани, се зголемени за 4,8 проценти, додека цените на мало во истиот период бележат раст од 5,6 отсто.

Според официјалните податоци, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај, во однос на април, изнесува 0,6 проценти.

Најголем месечен раст е забележан во секторот транспорт, каде трошоците се зголемиле за 1,6 отсто. Пораст има и кај облеката и обувките, како и кај храната и безалкохолните пијалаци, за по 1,0 процент.

Статистиката бележи зголемување и во групите рекреација, спорт и култура за 0,9 отсто, информации и комуникации за 0,7 проценти, како и кај рестораните и услугите за сместување за 0,5 отсто.

Минимален раст од по 0,1 процент има кај здравствената заштита и кај домувањето, водата, струјата, гасот и другите горива.

Од друга страна, во мај, во споредба со април, намалување на трошоците на животот е евидентирано кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги за 0,4 проценти, како и кај покуќнината, опремата и редовното одржување на домаќинствата за 0,1 отсто.

Трошоците на животот во групите образовни услуги, осигурување и финансиски услуги, како и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, останале на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во мај, во однос на април, се зголемени за 0,8 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс