Еден градинарски трик ќе ги направи вашите петунии да цветаат побрзо и побујно од кога било

Петунијата е меѓу најубавите цвеќиња поради раскошните цветови и различните бои, а доаѓа и во различни големини. Со овој трик на градинарите, петунијата ќе расте како побујана и побрзо од кога било.

Добро знаеме дека цвеќето е украс на секоја градина и на многу домови. Нема ништо поубаво од тоа да се видат прекрасни цветови кои опиваат, и со мирисот и со боите.

Петуниите се прекрасен украс на секоја градина, но и на тераса – убаво мирисаат и имаат убави цветови кои доаѓаат во најразлични бои. Овој цвет не бара комплицирана нега. Ако сакате да цветаат што побујно и нивната грмушка да има убав облик, треба да послушате некои од советите на искусните градинари.

Нега на петунии

Петуниите треба да бидат на сончево место. Потребни им се најмалку шест часа сончева светлина во текот на денот. Се полеваат два до три пати неделно, а во најтоплиот период од годината потребно е полевање практично секој ден. Се препорачува полевање со отстојана вода во утринските часови.

Покрај правилното полевање и изложеноста на светлина, најважно е петуниите редовно да ги прихранувате, барем ако сакате силно и здраво растение кое често и обилно цвета.

Најдобро е за петуниите да се користи органско ѓубриво на база на пепел од дрво. Овде првенствено се мисли на додавање на пепелот кој останува по горење дрво што се користело за огрев или потпалување во земјата на растенијата. Може да се користи самостојно или во комбинација со компост или хумус.

Исто така, често може да се најде совет дека почвата во која се садат петуниите треба да се збогати со зеолит и цимет.

Важно е петуниите редовно да ги кроите, почнувајќи од пролетта и во текот на целото лето. Откако на стеблото ќе се појават четири цвета со листови, централниот цветен изданок треба да се откорне за да се поттикне ширењето на грмушката.

Овој процес се повторува секојпат кога изданоците ќе достигнат должина од 12 сантиметри. Тогаш е потребно да се скратат околу три сантиметри и петуниите ќе растат „како од вода“. Совет е тоа да се прави рачно за грмушката да добие сферна форма. Со употреба на ножици или алат се добива поинаков тип на разгранување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни