Еден од едноставните начини за проверка е лесно да ја притиснете површината на пилешкото месо со прст. Ако месото брзо се врати во првобитната форма и остане цврсто и еластично, тоа е добар знак. Ако вдлабнатината остане подолго време, месото ја изгубило дел од својата цврстина и еластичност, што може да укажува на послаб квалитет или намалена свежина.
Сепак, само овој тест не е доволен. Треба да се проверат и бојата, мирисот и условите во кои се чува месото.
Бојата и мирисот се уште поважни
Свежото пилешко најчесто има светлорозова, релативно рамномерна боја и нема изразен непријатен мирис. Ако месото е сивкасто или значително потемно, или има киселкаст, непријатен мирис, подобро е да не го купувате. Исто така, избегнувајте пакувања што се топли на допир или стојат надвор од добро разладена витрина. Пилешкото треба постојано да се чува на соодветна температура.
Пилешкото ставете го во количката последно
Особено во лето, месото е најдобро да го земете при крајот на купувањето. Така ќе помине што помалку време надвор од фрижидерот.Кога ќе стигнете дома, веднаш ставете го во фрижидер. Ако нема да го подготвувате во следните ден-два, подобра опција е да го замрзнете.
Игледот и мирисот не можат со сигурност да покажат дали пилешкото е безбедно за јадење. Секогаш почитувајте го рокот на употреба и упатствата за чување на пакувањето.