Трамп заработил 10,7 милиони долари од филмот за Меланија, покажуваат финансиските извештаи

Американскиот претседател Доналд Трамп пријавил приход од 10,7 милиони долари поврзан со документарниот филм за неговата сопруга Меланија Трамп. Податоците се дел од најновите финансиски извештаи објавени од американските власти.

Американскиот претседател Доналд Трамп пријавил приход од 10,7 милиони долари како надомест за лиценцирање поврзан со документарниот филм „Melania“, кој го продуцираше Amazon MGM Studios. Информацијата е објавена во неговиот најнов финансиски извештај доставен до американската Канцеларија за владина етика.

Документарецот го следи животот на првата дама Меланија Трамп во периодот пред втората инаугурација на Доналд Трамп. Филмот беше откупен од Amazon MGM Studios за околу 40 милиони долари, а компанијата дополнително инвестирала значителни средства во неговата промоција.

Покрај приходите од филмот, финансиските документи покажуваат дека Меланија Трамп пријавила околу шест милиони долари од продажба на NFT-колекции и други дигитални производи, како и повеќе од половина милион долари од продажбата на нејзината автобиографија.

Објавувањето на финансиските извештаи повторно ја отвори јавната дебата во САД околу деловните активности на семејството Трамп и потенцијалните судири на интереси. Од Белата куќа, пак, ги отфрлаат таквите тврдења, наведувајќи дека претседателот ги почитува сите законски обврски и дека пријавените приходи се целосно транспарентно објавени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс