Трамп размислува повторно да ја активира операцијата „Проект Слобода“ во Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува повторно активирање на „Проект Слобода“ во Ормускиот Теснец, со проширени цели поврзани со Иран и нуклеарната програма на Техеран.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува повторно активирање на краткотрајната операција „Проект Слобода“, овојпат со пошироки цели кои би ја надминале само придружбата на бродови низ Ормускиот Теснец. Трамп ова го изјави во телефонско интервју за „Фокс њуз“, нагласувајќи дека конечната одлука сè уште не е донесена.

Иницијативата првпат беше најавена минатата недела, но набргу беше ставена во мирување поради мировните преговори со Техеран. Во рамки на тие разговори, според Трамп, Иран му порачал дека САД треба да ја ископаат „нуклеарната прашина“ од иранските постројки, бидејќи наводно е закопана толку длабоко што сам Иран не може да дојде до неа.

Во краткиот разговор со новинарот Џон Робертс, Трамп изјави дека во моментов не знае на кој начин САД би можеле да влезат во Иран за да ја спроведат евентуалната операција за отстранување. Тој додаде дека тоа е прашање за понатамошни преговори, но истовремено порача дека на Иран „никогаш не смее да му се дозволи да дојде до нуклеарно оружје“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс