Трамп објави мапа: Ормускиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“

На мапата, објавена на неговата социјална мрежа Truth Social , Ормутскиот теснец е заокружен и означен со натпис „Трампов теснец“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е прикажан како „Трампов теснец“, откако претходно предложи стратешкиот воден пат да биде именуван по него.

На мапата, објавена на неговата социјална мрежа Truth Social , Ормутскиот теснец е заокружен и означен со натпис „Трампов теснец“, додека американскиот претседател не додаде никаков коментар на објавата.

Трамп претходно предложи преименување на Ормутскиот теснец по него, а исто така постојано ја споменуваше идејата за прогласување на водниот пат за територија на Соединетите Американски Држави.

Ормутскиот теснец ги поврзува Персискиот Залив и Оманскиот Залив и е еден од најважните поморски патишта во светот за транспорт на енергија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс