Трамп: Иран побара примирје!

САД ќе разгледаат прекин на огнот со Иран само под услов да се отвори Ормускиот теснец, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Доналд Трамп на својата социјална мрежа напиша дека Иран побарал прекин на огнот.

„Претседателот на новиот ирански режим, кој е многу помалку радикален и многу поинтелигентен од неговите претходници, штотуку побара од Соединетите Американски Држави прекин на огнот! Ќе го разгледаме тоа кога Ормускиот теснец ќе биде отворен, слободен и чист. Дотогаш, го срамнуваме Иран со земја или, како што велат, го враќаме во камено доба!!!“.

Ормуткиот теснец е отворен за бродовите на „повеќето“ земји, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во интервју за Ал Џезира, а неговата иднина ќе ја одлучат, според него, Иран и Оман со територијални води во преминот.

Иран ја презеде контролата врз Ормутскиот теснец како одговор на нападите на САД и Израел, забранувајќи го транзитот за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници. Иранските власти постојано нагласуваат дека теснецот не е затворен, нагласувајќи дека бродовите од „пријателски“ земји можат да поминат низ него, во координација со иранската морнарица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс