Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека Соединетите Американски Држави нема да му дозволат на Иран да развие нуклеарно оружје, јавува Анадолу. „Не можеме да му дозволиме на Иран да има нуклеарно оружје“, рече Трамп на собир со мали бизниси во Белата куќа.
Неговите изјави доаѓаат откако Централната команда на американската војска, ЦЕНТКОМ, објави дека разурнувачи на американската морнарица со наведувани ракети моментално дејствуваат во Заливот, откако поминале низ Ормускиот Теснец во рамки на операцијата „Проект слобода“, чија цел е обезбедување слобода на пловидба за трговските бродови.
„Немаат морнарица, немаат воздухопловство, немаат противвоздушна одбрана, немаат радар, немаат лидери. Всушност, и лидерите ги нема, но не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје“, рече Трамп.
Трамп додаде дека очекува високите цени на горивото да паднат „многу брзо“ по завршувањето на војната со Иран.
Претходно во понеделникот, тој изјави и дека американската војска уништила седум ирански „мали бродови“.