о фотографии од кучиња што чекаат да бидат вдомени, Музејот на современата уметност – Скопје ги повикува посетителите да се вклучат во акција за поддршка на бездомните животни. Акцијата е дел од изложбата во МСУ „Сè што ни е заедничко: Животните не се таму некаде“, која се отвора во сабота, на 28 ноември, во 13 часот.
МСУ ја организира акцијата со ЈП „Лајка“ и здружението „Шепасти ентузијасти“. Кучињата што чекаат дом ги фотографирала Анита Палчевска. Преку нејзините фотографии, посетителите што размислуваат за вдомување ќе можат да ги запознаат животните за кои се бара дом.
Бесплатен влез со донација за животните
Во текот на изложбата, влезот во музејот ќе биде бесплатен за посетителите што ќе донесат храна, ќебиња или други работи потребни за животните.
Посетителите ќе можат да понесат и разгледници со дела од колекцијата на МСУ, по замисла на Изабела Љевенска Миљаниќ. Со донација за разгледниците ќе ја поддржат работата на здружението „Шепасти ентузијасти“.
