Претседателот на САД Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе имаат средба за време на НАТО самитот во Анкара, каде главна тема ќе биде можноста за завршување на војната во Украина.
Според неименуван извор од Белата куќа, разговорите ќе бидат фокусирани на дипломатски напори за прекин на конфликтот со Русија, кој последните месеци е во состојба на застој без значителни поместувања на фронтот.
Фокус на крај на војната
Изворот наведува дека американската страна ја гледа ситуацијата како итна и дека постои потреба од засилен дипломатски притисок за изнаоѓање решение.
Во исто време, се очекува Реџеп Таип Ердоган да биде домаќин на Трамп при неговото пристигнување во Анкара, каде ќе се одржи и официјалниот дел од НАТО самитот. Покрај разговорите за Украина, Трамп планира да ги повика сојузниците во НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана, што се очекува да биде една од клучните теми на самитот на 7 и 8 јули.