Трамп ги укина царините за шкотското виски: „Во чест на кралот Чарлс и кралицата Камила“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави укинување на царините за шкотското виски по посетата на кралот Чарлс и кралицата Камила на Белата куќа, нарекувајќи го потегот гест на почит.
Photo: Shealah Craighead / White House

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ги укине царините и трговските ограничувања за шкотското виски, наведувајќи дека одлуката ја носи во чест на државната посета на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила на Соединетите Американски Држави.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп напиша дека одлуката е знак на почит кон британската кралска двојка, која неодамна ја напушти Белата куќа.

„Во чест на кралот и кралицата на Обединетото Кралство, ќе ги укинам царините и ограничувањата за вискито што се однесуваа на можноста Шкотска да соработува со американската сојузна држава Кентаки во производството на виски и бурбон. Тоа се две исклучително важни индустрии“, порача Трамп.

Тој додаде дека овој потег ќе овозможи обновување на трговската соработка, особено во делот на размената на дрвени буриња што се користат во производството на алкохолни пијалаци.

Трамп истакна дека британската кралска двојка успеала да го убеди да направи чекор што, како што рече, „никој друг не успеал да го издејствува“.

Заканите со царини за алкохолни производи беа дел од пошироката трговска политика на администрацијата на Трамп. Минатата година тој се закани со царини од 200 проценти за европските вина, но мерката никогаш не беше реализирана.

Претседателот на Советот за дестилирани алкохолни пијалаци во САД, Крис Свонгер, ја поздрави одлуката, оценувајќи дека таа ќе придонесе за зајакнување на трансатлантските трговски врски и ќе донесе поголема сигурност за индустријата на двете страни од Атлантикот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни