Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран ќе „преговара“ пред очекуваните разговори во Пакистан.
Во кратко телефонско интервју за конзервативната радио емисија „Шоуто на Џон Фредерикс“, тој изрази увереност дека Техеран ќе се согласи на преговори, предупредувајќи на последици доколку тоа не се случи.
„Тие ќе преговараат, а ако не го сторат тоа, ќе имаат проблеми какви што никогаш не виделе“, рече тој.
„Верувам дека ќе постигнат фер договор и ќе ја обноват својата земја“, додаде тој, истакнувајќи дека во тој случај „тие нема да имаат нуклеарно оружје“.
При крајот на разговорот, Трамп повторно се осврна на воената акција, велејќи дека САД „немаат избор“ во Иран.
„Моравме да го направиме тоа. Немаше избор“, рече тој.
„Направивме одлична работа и ќе ја завршиме до крај, и сите ќе бидат задоволни“, додаде тој пред да го заврши разговорот.