Јапонските навивачи уште еднаш пред светот покажаа одговорно однесување на спортските терени.
По нерешениот резултат против Холандија (2:2) илјадници јапонски навивачи не го напуштија веднаш стадионот во Далсс по завршувањето на натпреварот.
Наместо тоа, тие останаа на трибините за да го исчистат просторот каде што го гледаа натпреварот.
Додека другите навивачи полека го напуштаа стадионот, навивачите на „Самураите“ внимателно собираа шишиња, чаши, амбалажа и друг отпад, оставајќи ги трибините речиси беспрекорно чисти. Нивниот гест предизвика ентузијазам кај навивачите на другите национални тимови, како и бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.
Ова не е прв ваков потег од јапонските навивачи. Со нивната благородна навика и однос кон ѓубрето тие станаа препознатливи низ светот на многу претходни спортски собири, вкучително и на последните летни и зимски олимиписки игри.