Товарен воз излета од шините во близина на Риека, 11 вагони паднаа во клисура

Несреќата се случила денес, 10 октомври, во 9:25 часот. Возот се движел кон Риека и превезувал жито, објави ХЖ Инфраструктура

Товарен воз управуван од компанијата „Трансагент“ излета од шините утрово на влезот во станицата Меја, а 11 вагони завршија во клисура. Нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета.

Несреќата се случила денес, 10 октомври, во 9:25 часот. Возот се движел кон Риека и превезувал жито, објави ХЖ Инфраструктура, пренесува Индекс .

Според досегашните информации, машиновозачот го известил диспечерот пред скокот дека му откажале сопирачките и дека не може да го запре возот. Набргу потоа, возот излетал од шините на влезот во станицата Меја.

Единаесет вагони слетаа во клисурата, додека локомотивата и два вагона останаа на станицата. Во несреќата нема повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс