Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) денес објави дека товарен брод во Ормутскиот теснец бил погоден од неидентификувана ракета.
Таа агенција на британската морнарица изјави дека две лица загинале во нападот, дека бродот се запалил и пловел без погон.
Екипажот бил евакуиран од бродот.
UKMTO наведува дека надлежните органи спроведуваат истрага и дека засега нема извештаи за последиците од нападот врз животната средина.
И покрај најавите за дипломатско решение, во теснецот се уште е тензично, а екипажите на бродовите со страв пловат низ овој стратешки прмеин.