Тиктокерка кој стана вирален хит откако низ солзи раскажа колку е тешко да се работи од 9 до 17 часот доби отказ. Бриел привлече низа коментари, бидејќи се пожали дека нема време за ништо по дипломирањето на колеџот и добивањето на првата работа.
Сега таа објави дека добила отказ.
„Нема да седам овде и да плачам, но добив отказ од мојата прва работа што ја барав пет месеци и за која се преселив во Њујорк. Во суштина не е моја вина…“, вели Бриел и објасни што се случи.
@brielleybelly123 can someone tell me im going to be okay !!!! feels like the world is ending i need a job immediatley i am feeling so lost rn like i moved for this…!?
♬ original sound – BRIELLE
Луѓето сочувствуваат со неа
„Работев во стартап и го немаа она што е потребно за да ме обучат и да ми дадат работа“, тврди таа. Бриел додала дека не успеала да заштеди ништо затоа што платата и одела на сметки и други работи, а како што наведува сега и е тешко да најде нова работа, бидејќи било сезона на годишни одмори.
„Ова е реалноста на денешното вработување, лудост е“, „Имам три дипломи + искуство, пет месеци по дипломирањето не можам да најдам работа. Не си единствена“, се дел од коментарите под видеото.
Извор: index.hr