Тетово ќе дава по 100 евра за секое запишано прваче

Општина Тетово ќе доделува еднократна финансиска поддршка од 6.150 денари, односно околу 100 евра, за секое дете запишано во прво одделение.
Little kids schoolchildren pupils students running hurrying to the school building for classes lessons from to the school bus. Welcome back to school. The new academic semester year start

Општина Тетово ќе доделува еднократна финансиска поддршка за секое дете што ќе биде запишано во прво одделение во училиштата на нејзината територија.

Мерката ја објави советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Тетово, Ангел Карапетров, кој информира дека поддршката ќе изнесува 6.150 денари, односно околу 100 евра по прваче.

Според Карапетров, целта на оваа одлука е да им се помогне на семејствата полесно да го подготват почетокот на новата учебна година, особено во период кога трошоците за училишен прибор, облека и основни потреби за децата се значителен товар за многу родители.

„Првата одлука се однесува на еднократна финансиска поддршка за секое прваче во износ од 6.150 денари, мерка со која се овозможува полесен и поддржан почеток на новата учебна година за најмладите ученици и нивните семејства“, напиша Карапетров.

Покрај финансиската поддршка за првачињата, најавена е и реконструкција на паркот кај Музичкото училиште во Тетово. Според објавата, овој јавен простор треба да добие помодерен изглед и подобри услови за рекреација, особено за децата и младите.

„Втората одлука предвидува реконструкција на паркот кај Музичкото училиште во Тетово, со што овој јавен простор ќе добие нов, помодерен изглед и подобрени услови за рекреација на граѓаните, особено на децата и младите“, стои во објавата.

Одлуката предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи, особено кај родителите, бидејќи директната поддршка за првачињата доаѓа пред почетокот на учебната година, кога семејните трошоци традиционално растат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс