Search

Тензично во МКЦ: Алексов не сака да стане од фотелјата за да седне Шаќири

Алексов пак кој е дипломиран детектив, беше поставен на функцијата во јануари минатата година откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Рекации следуваа од Програмскиот совет на МКЦ кои рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

По синоќешниот прв работен ден на новиот директор на МКЦ музичарот Бени Шаќири во директорската канцеларија настанал проблем, бидејќи сега веќе поранешниот директор детективот Никола Алексов не сака да го напушти столчето. Како што објавивме вчера Алексов уште при приемот на Шаќири негодувал со оразложение дека тој не е разрешен од функцијата и нема зошто да си оди.

Градоначалничката Данела Арсовска  Алексов го назначи за за в. д. директор на 18 јануари 2023, за потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението пак за Шаќири е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ.

Бени Шаќири

Освен  Шаќири, пријавени беа и и филмскиот работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Алексов пак кој е дипломиран детектив, беше поставен на функцијата во јануари минатата година откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Рекации следуваа од Програмскиот совет на МКЦ кои рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

Овие реакции на вработените од МКЦ добија поддршка од стотици граѓани кои протестираа пред МКЦ на 22 јануари минатата година и остро се спротиставија на обидот за партизирање на оваа културна институција.

Сепак, Арсовска која и го има конечниот одлучувачки збор не ги зеде во предвид ракциите и волјата на граѓаните и вчера го „протна“ решението за Шаќири во МКЦ.

извор: novatv.mk

Најново

Последни колумни