Во борбата со големиот пожар што беснее над селото Палиград на планината Китка, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје спасиле и едно мало теле оставено на опожарениот терен.
Информацијата, на социјалните мрежи ја споделија од Центарот за управувае со кризи апелирајќи до граѓаните на совесност и внимателност.
„Апелираме на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животните“ се наведува во објавата на ЦУК.
Како што информира ЦУК, животното било пронајдено во метежот и огнот, исплашено и беспомошно, но пожарникарите успеале да го извлечат од опасната зона.
Инаку, на Китка веќе неколку дена гори огромен пожар кој поради непристапниот терен се гаси и од воздух со Ер трактори.