Search

Татјана Манева со изложба во Тирана

Вчеравечер во македонскиот Културно Информативен центар во Тирана, беше отворена изложба на слики од сликарката Тања Манева, насловена ,, Боите на душата“, заедно со нејзините гостинки, Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ Додиг од Белград.

Во прекрасна атмосфера Татјана се претстави со нови 6 дела, каде можеше да се забележи прекрасна промена во нејзиниот стил. Тиранската љубопитна публика, дел од дипломатскиот свет и останатите гости, нејзините слики ги прифати со големо воодушевување. Магијата со која зрачат нејзините нови дела, направи неколку од сликите да бидат веднаш продадени.

Изложбата беше во организација на македонскиот Киц во Тирана, потпомогната од компанијата ,,Примал од Тирана“ и ,,Тиквеш“ , од Кавадарци.

Македонскиот Киц во Тирана, продолжува со својата програма. На 3 мај 2024 во театарот АрТурбина во Тирана ке гостува Албанскиот театар од Скопје со претставата ,,Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.

Најново

Последни колумни