Тарантино за новиот „Џокер“: Голем, див хаос

Тарантино во еден поткаст откри што мисли за второто продолжение на Џокер, „Џокер: Лудило во двојка“.
Фото: Gage Skidmore/Flickr

Тарантино вели дека мјузиклот на Тод Филипс со Хоакин Феникс и Лејди Гага во главните улоги го импресионирал.

„Навистина, навистина ми се допадна, многу. Во огромна мера. Отидов да го гледам очекувајќи да бидам импресиониран од снимањето на филмот. Мислев дека тоа ќе биде интелектуална вежба во дистанца која нема да заврши како филм, но дека ќе го ценам за тоа што е“, рече Тарантино на поткастот на Брет Истон Елис.

Очигледно е дека Тарантино не се согласува со неговите колеги филмски критичари, кои филмот го оценија ниско, што доведе до огромни загуби за Warner Bros.

„И јас сум доволно нихилист за да уживам во филм кој не функционира баш како филм. Тоа е некако голем, див хаос. И не го гледав како интелектуална вежба. Многу ми се допаднаа музичките сегменти кои колку побанални беа песните, толку повеќе ми се допаднаа“, вели Тарантино.

Тој бил особено импресиониран од режисерот Филипс како холивудски бунтовник, пишува Hollywood Reporter.

„Тој им вели е*ете се. Им вели е*ете се на публиката. Му вели е*и се на Холивуд. Им кажува е*ете се  на сите што имаат акции во DC и Warner Brothers. Тод Филипс е Џокер“, рекол Тарантино.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни