Тамара Тодевска слави 25 години „љубов“ со концерт: повторно ја пее песната од која почна сè

Со Маријана и Росана Тодевска повторно ја отпеа „Љубов“, песната со која настапила на „Макфест“ во 1991 година

Тамара Тодевска се враќа на почетокот на својата музичка приказна – со песната „Љубов“, која ја отпеа заедно со сестрите Маријана и Росана на „Макфест“ во 1991 година. По 35 години, трите повторно застанаа заедно и ја запеаја песната со која, како што вели Тодевска, започнало сè.

„Сѐ започна на „Макфест“ во 1991 година, со моите Маријана и Росана и песната „Љубов“. 35 години подоцна, повторно ја запеавме заедно и се потсетивме од каде започна сѐ“, напиша Тодевска. Пејачката годинава одбележува 25 години музичка кариера, период во кој, како што вели, љубовта кон музиката и публиката била нејзиниот најголем двигател.

По тој повод, на 7 декември ќе одржи концерт во Т-Арена, на кој за првпат концертно ќе ја претстави и „Кукла жива“.

„Сакам заедно да се потсетиме на сѐ што поминавме, за првпат концертно да ви ја претставам „Кукла жива“ и да создадеме нови моменти и емоции што ќе нѐ движат и во годините што доаѓаат“, порача Тодевска.

Концертот е најавен под мотото „25 години љубов“, како музичко навраќање на нејзиниот досегашен пат и поглед кон она што допрва следува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс