„Таксират“ се сели во СЦ „Јане Сандански“

Како што соопштија организаторите „Пасворд продукција“ од годинава „Таксират“ ќе се одржува во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје

Најновото издание на музичкиот фестивал „Таксират“ оваа година ќе се одржи на нова локација.

Како што соопштија организаторите „Пасворд продукција“ од годинава фестивалот ќе се одржува во спортската сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Во својата историја „Таксират“ се одржувал и во Младинскиот културен центар и на Скопскиот саем.

Од „Пасворд продукција“ велат дека по уривањето на Скопскиот саем биле принудени да се преселат во арената „Борис Трајковски“, но сега нов дом за фестивалот ќе биде СЦ „Јане Сандански“.

Дваесет и осмото издание на „Таксират“ е закажано за 7 декември, а засега не се објавени имињата на изведувачите кои ќе настапат на фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс