По натпреварите одиграни во 16. ден од Светското првенство 2026, познати се првите четири двојки за шеснаесетфиналето, додека во наредните часови ќе бидат комплетирани и преостанатите учесници во нокаут-фазата.
Во осминафиналето (шеснаесетфинале) засега се потврдени следните пресметки:
- Јужноафриканска Република – Канада
- Холандија – Мароко
- Соединети Американски Држави – Босна и Херцеговина
- Бразил – Јапонија
Во текот на ноќта пласман во нокаут-фазата обезбедија Холандија, Јапонија, Шведска, Германија, Обала на Слоновата Коска, Соединетите Американски Држави и Австралија.
Во групата Д, САД го освоија првото место, Австралија заврши втора и продолжува понатаму, додека Парагвај со четири освоени бода останува да ги чека резултатите од останатите групи за евентуален пласман како една од најдобрите третопласирани селекции.
Во групата Ф, Холандија, Јапонија и Шведска успешно обезбедија место во елиминациската фаза.
Едно од најголемите изненадувања го приреди Еквадор, кој ја совлада Германија и се пласираше во нокаут-фазата. Ваквиот исход не им оди во прилог на шансите на Хрватска за пласман меѓу најдобрите третопласирани репрезентации.
Денешна програма
Во продолжение на Светското првенство денеска ќе се одиграат уште неколку решавачки натпревари:
21:00 часот – Група И
- Норвешка – Франција
- Сенегал – Ирак
02:00 часот – Група Х
- Зеленортски Острови – Саудиска Арабија
- Уругвај – Шпанија
05:00 часот – Група Г
- Египет – Иран
- Нов Зеланд – Белгија
По одигрувањето на овие натпревари ќе биде познат речиси комплетниот распоред на шеснаесетфиналните дуели на Светското првенство 2026.