За гостите на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси ќе важи едно неочекувано правило

Џорџ Китл откри дека гостите на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси добиле строго правило: без подароци. Сепак, тој размислува да го заобиколи.
Фото: Eva Rinaldi, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons | All-Pro Reels from District of Columbia, USA, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси веќе се нарекува еден од најочекуваните славни настани годинава, а сега е откриено и едно правило што ќе важи за гостите.

Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси со месеци е тема на шпекулации, а деталите за настанот се чуваат далеку од јавноста. Сепак, еден од поканетите гости откри дека парот поставил јасно правило за сите присутни: без подароци.

Џорџ Китл, играч на San Francisco 49ers и близок пријател од NFL круговите, потврди дека е поканет на свадбата и во разговор за ExtraTV откри дека на гостите им било кажано да не носат подароци.

„Рекоа апсолутно без подароци“, изјави Китл, додавајќи дека сепак размислува да го „заобиколи“ правилото со мал симболичен подарок за Келси.

Старa монета наместо класичен подарок

Китл се пошегува дека Келси, од некоја причина, многу сакал стари монети, па можеби ќе му набави една.

„Звучи како тоа да може да биде и скапо“, додаде тој низ шега.

Во истиот разговор, Китл ја пофали и Тејлор Свифт, велејќи дека е многу пријатна личност и дека е убаво да се биде во нејзино друштво.

Свадба што веќе ја нарекуваат „кралска“

Иако официјални детали за свадбата нема, американските медиуми со недели пишуваат дека настанот би можел да се одржи во Њујорк, околу американскиот празник 4 јули.

Според неофицијални информации, како можна локација се споменува Madison Square Garden, а се очекува голем број гости и високо обезбедување.

The New York Times претходно објави дека дозволи за затворање улици околу Madison Square Garden дополнително ги засилиле шпекулациите дека таму се подготвува голем настан поврзан со парот.

Возбуда и во NFL круговите

Возбудата околу свадбата не се крие ниту во NFL круговите. Кристин Јушчик, сопруга на NFL играчот Кајл Јушчик, изјави дека сите се пресреќни за парот.

„Сите се толку возбудени за нив. Тревис го познаваме долго време и навистина сме среќни што ја пронајде својата личност. Тоа е како кралска свадба“, изјави таа.

Тејлор Свифт и Тревис Келси ја започнаа врската во 2023 година, откако NFL ѕвездата јавно раскажа дека се обидел да ѝ даде friendship bracelet за време на нејзината Eras турнеја во Канзас Сити.

Две години подоцна, во август 2025 година, парот ја потврди свршувачката, а нивната свадба оттогаш стана еден од најследените славни настани.

Деталите сè уште се чуваат во тајност

И покрај бројните шпекулации, парот досега не објави официјални детали за точниот датум, локацијата или програмата на свадбата.

Она што засега е познато е дека гостите добиле барем едно јасно правило: подароци не се потребни.

А ако се суди според коментарот на Џорџ Китл, дури и тоа правило можеби ќе биде тешко целосно да се испочитува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс