Ова е посебен процес што редовно ја оценува состојбата со човековите права во сите 193 држави членки на Обединетите нации. Овој механизам, како новина на Советот за човекови права, се заснова на еднаков пристап кон сите држави. Преку него, земјите добиваат прилика да прикажат какви чекори презеле за унапредување на човековите права и како се справуваат со постоечките предизвици во оваа област. Дополнително, УПП овозможува размена на успешни примери и искуства за заштита на човековите права на глобално ниво.
Крајната цел на УПП е подобрување на состојбата со човековите права во секоја земја, што има значајно влијание врз луѓето ширум светот. УПП е осмислен да ги поттикне, поддржи и прошири напорите за унапредување и заштита на човековите права на терен. За да се постигне ова, УПП ги оценува извештаите за човековите права на државите и се занимава со кршењата на човековите права каде и да се случуваат. Исто така, преку овој процес се нуди техничка помош на државите, се зајакнува нивниот капацитет за справување со предизвиците во оваа област и се овозможува размена на добри практики меѓу државите и другите засегнати страни.

Со цел подобро запознавање со механизмот, ЕПИ одржа две обуки за повеќе од 30 судии и јавни обвинители слушаа во Академијата за судии и јавни обвинители, каде што слушателите се стекнаа со знаења и вештини корисни за нивната работа на случаи поврзани со заштита на човековите права. На 14 мај се одржа првата обука на тема „Антидискриминацијата во фокус: Универзалниот периодичен преглед и улогата на правосудните органи“, на која беше даден вовед во механизмот на УПП, беше поставена теоретска рамка на основите на дискриминација и се дискутираше улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и можностите за соработка со правосудните органи за исполнување на препораките од последниот циклус на УПП. На 9 јуни се одржа втората обука на тема „Родово базирано насилство во фокус: Универзалниот периодичен преглед и улогата на правосудните органи”, на која фокусот беше ставен на препораките од најновиот циклус на УПП за Северна Македонија во областа на на родово-базираното насилство, како и препораките за говор на омраза.
Судиите и обвинители сметаат дека ваквиот тип на обуки се корисни за надградување на нивните знаења, истакнувајќи дека се неопходни обуки на теми како антидискриминација, родово базирано насилство, но и за самиот механизам УПП на ОН.