Студенти и активисти во Србија биле шпионирани со софтверот „Пегазус“

Компанијата „Епл“ испрати предупредувања до корисниците, а светските лаборатории потврдија дека телефоните на 14 членови на протестното движење биле таргетирани.

Студенти и активисти во Србија се најдоа на мета на софистициран шпионски софтвер, откако меѓународните лаборатории потврдија дека 14 членови на оперативните тимови на граѓанските движења биле следени преку нивните мобилни телефони.

Според студентката и активистка Ела Зековиќ, случајот бил откриен откако компанијата „Епл“ во средината на август испратила официјално предупредување до група корисници на „Ајфон“ дека се мета на софтверски напад кој вообичаено им се продава само на државни институции. Меѓу таргетираните се студенти, активисти, членови на ИТ-блокадите, како и еден пратеник и локален одборник.

Меѓународните лаборатории „Citizen Lab“ од Универзитетот во Торонто и „Amnesty International“ потврдија дека на телефонот на една од активистките бил инсталиран шпионскиот софтвер „Пегазус“ (Pegasus). Овој систем овозможува далечинско преземање на уредот без знаење на корисникот, со што се овозможува пристап до сите приватни пораки, како и автоматско вклучување на микрофонот и камерата.

Ова не е прв регистриран случај на дигитално следење во соседството. Извештаите на „Amnesty International“ од изминатите две години веќе документираа повеќе случаи на користење шпионски софтвери против новинари и студентски активисти во Србија, кои со висок степен на верност им се припишуваат на српските безбедносни служби.

Извор: N1 Beograd

е-Трн да боцка во твојот инбокс