Нискиот Дунав ги гаси светлата во Будимпешта и Букурешт

Поради рекордниот сушен бран и загрозеното ладење на нуклеарните reактори, Романија прогласи вонредна состојба за цел август.
Фото: EPA/Zsolt Szigetvary

Рекордно нискиот водостој на реката Дунав предизвика сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија низ Југоисточна Европа, принудувајќи ги властите во Будимпешта и Букурешт да воведат редукции на јавното осветлување. Сушата и високите температури го оневозможуваат нормалното ладење на нуклеарните централи, со што е загрозена стабилноста на целиот енергетски систем во регионот.

Романската влада прогласи вонредна состојба за целиот месец август откако капацитетите за производство на струја претрпеа тежок удар. Покрај главниот град Букурешт, цела низа други градови во земјата ги сведоа на минимум уличното осветлување, осветлувањето на фабриките, црквите и државните објекти.

Слична е сликата и во Унгарија, каде што властите во Будимпешта мораа да прибегнат кон делимични редукции за да се заштеди секој мегават-час.

Главната причина за енергетскиот дефицит е прегревањето и рекордно ниското ниво на речните води кои се користат за ладење на реакторите во нуклеарните централи. Кога температурата на водата ќе премине одредена граница или кога нејзиниот волумен е недоволен, централите мора превентивно да го намалат производството за да избегнат хаварија.

Жителите на погодените региони предупредуваат дека ова е директна последица на долгогодишното игнорирање на климатските промени и лошите инфраструктурни одлуки донесени во минатото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс