Дел од Старата чаршија денес без струја до 15 часот

Прекинот е најавен од 08:00 до 15:00 часот и ќе ги зафати дел од улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“ во Чаир.

Дел од Старата скопска чаршија денеска, 17 мај, ќе остане без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија.

Според најавата, прекинот ќе трае од 08:00 до 15:00 часот и ќе ги зафати дел од корисниците на улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“ во општина Чаир.

Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите активности додека траат интервенциите на електричната мрежа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс