Стапи на сила тридневното примирје што го прогласи Путин по повод Денот на победата

Примирјето беше најавено од Кремљ како гест по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, еден од најзначајните државни празници во Русија.

Тридневното примирје што го прогласи рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на победата официјално стапи на сила и ќе трае до 10 мај, јавија руските медиуми. Според информациите објавени од руското Министерство за одбрана, за време на прекинот на огнот руските сили нема да изведуваат напади врз позициите на украинската армија ниту врз воено-индустриски објекти на територијата на Ukraine.

Москва истовремено го повика Киев да се приклучи на примирјето, предупредувајќи дека руската армија ќе возврати доколку украинските сили го прекршат прекинот на огнот или извршат напади врз населени места и цели во руски региони.

Руското Министерство за одбрана реагираше и на изјавите на украинскиот претседател Волдомир Зеленски кој претходно предупреди на можни украински акции за време на парадата во Москва по повод Денот на победата.

Според руските власти, секој обид за нарушување на церемонијата ќе предизвика „соодветен одговор“ од руската војска.

Примирјето беше најавено од Кремљ како гест по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, еден од најзначајните државни празници во Русија.

Засега нема официјална потврда од украинска страна дека Киев ќе го почитува прекинот на огнот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни