„Стаорска трка“: Заедничка изложба на Ертунч Сали и Ангела Бошевска во КСП Центар – Јадро

Преку слики, скулптури и специфични инсталации, „Стаорска трка“ создава амбиент во кој оваа зачестена метафора прераснува во физичко и визуелно искуство

На 19 октомври (понеделник) со почеток во 20:00 часот, во просториите на КСП Центар – Јадро во Скопје ќе биде отворена заедничката изложба под наслов „Стаорска трка“ на уметниците Ертунч Сали и Ангела Бошевска.

Изложбата го подложува на уметничка и филозофска анализа современиот начин на живот — замислен како бескрајна, исцрпувачка трка по успех, статус и моќ. Поттикнати од филозофски теории за вредностите, дисциплината и илузијата, авторите преку мотивите на тркачи, ловци и мршојадци го прикажуваат вечниот циклус на натпреварување, пад и опстанок што се пренесува од генерација на генерација.

Дали вреди да се трка, кога на крајот ќе си голтнат?

Преку слики, скулптури и специфични инсталации, „Стаорска трка“ создава амбиент во кој оваа зачестена метафора прераснува во физичко и визуелно искуство за посетителот. Поставката отвора клучни прашања за вредностите што ги наследуваме, наметнатите идеали за „успешен“ живот и оној суптилен момент кога личниот избор се претвора во општествено очекување.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам, со поддршка од домаќините КСП Центар – Јадро.

е-Трн да боцка во твојот инбокс