Молкот не смее да биде политика: ССНМ реагира за односот на Владата

Синдикатот загрижен за практиката на селективно одговарање на прашања и ограничување на пристапот до информации од јавен интерес.
Фото: Mozel W., CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази сериозна загриженост поради селективното одговарање на новинарски прашања од страна на Владата. Од синдикатот порачуваат дека молкот не смее да стане официјална политика и дека ПР-службата на Владата има уставна и професионална обврска да обезбеди пристап до сите информации од јавен интерес, без право сама да проценува кои прашања се релевантни за јавноста.

Повод за реакцијата беше последниот владин настан на кој ПР-службата одговараше селективно на поставените прашања од новинарите. Од ССНМ предупредуваат дека ваквата практика го оневозможува верификувањето на информациите и ги претвора прес-конференциите во монолог без простор за дебата.

Одлуката за тоа кои прашања се релевантни за граѓаните е исклучиво во надлежност на новинарите и медиумите, а не на владините комуникатори.

„ССНМ бара Владата итно да воспостави редовна и отворена комуникација со медиумите, да овозможи пристап до информации од јавен интерес и да ги почитува стандардите на медиумската слобода загарантирани со Устав“, стои во соопштението на ССНМ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс