Најмалку 119 лица се повредени, а стотици се уапсени откако бранот средношколски протести во Франција се прошири на 356 средни училишта ширум земјата. Револтот на учениците започна минатата недела поради хроничниот недостиг на наставен кадар и руинираните училишни згради, а тензиите дополнително пораснаа по нивното приклучување кон штрајкот на јавниот сектор.
Во Сен Дени, северно предградие на Париз, ученици формираа блокади пред влезот на своето училиште додека во непосредна близина гореше оган под надзор на силни полициски сили. Слични сцени се забележани и во Лион и Лил, каде според телевизиските снимки демонстрантите фрлаа тврди предмети кон безбедносните единици.
🇫🇷 Police in Lyon, France, are targeted with mortar fire by high school students during clashes outside a school.
— Europa.com (@europa) September 29, 2026
Follow: @europa pic.twitter.com/K3klBV2mHS
Полицијата реагираше со масовни приведувања, при што најголем дел од уапсените се тинејџери.
Францускиот министер за образование Едуар Жефре соопшти дека меѓу 119-те повредени од почетокот на протестите има и ученици и вработени во образовните институции. Поголемиот дел од повредениот училишен кадар се директори и професори кои се нашле на влезовите за време на блокадите.
Состојбата прерасна во сериозен политички притисок врз власта, особено по отворената поддршка што средношколците ја добија од пратениците на крајната левица.
🇫🇷 French students blockade schools to demand better resources
— AFP News Agency (@AFP) September 30, 2026
Hundreds of secondary school students take part in protests across France as part of a national day of action over the country's public services, demanding more resources for education. pic.twitter.com/e1oBZPWETv
Гневот на учениците избива во пресрет на презентацијата на новиот државен буџет за 2027 година, со кој владата планира нови кратења на јавните расходи за да го намали фискалниот притисок. Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека иако француските расходи за образование бележат пораст меѓу 2015 и 2022 година, уделот на образовниот сектор во вкупниот државен буџет бележи постојан пад.