Србија го екстрадираше Саитов, момчето кое со автомобил усмрти жена во Скопје

Саитов во јануари оваа година возејќи автомобил без да има возачка прегази жена во скопски Капиштец која подоцна почина.

МВР информира дека денеска од Република Србија во Македонија екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје.

Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ која се случи во Скопје на 09.01.2026 година.

Саитов во јануари оваа година возејќи автомобил без да има возачка прегази жена во скопски Капиштец која подоцна почина.

„На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс