Олимпискиот шампион Шабан Трстена ќе организира спортска изложба со 40 фотографии во Националната галерија Чифте Амам во Скопје по повод 40 години од освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година.
Изложбата се отвора на годишнината од освојувањето на златниот медал, 10 август и како што најави Трстена ќе бидат споделени 40 носталгични фотографии.
Тој на 19 години го освои златниот медал во борење со што стана најмладиот олимписки шампион во историјата на борењето.