Search

Спорт за време на менструација: Што може, а што не?

Еднаш месечно, за време на менструацијата, девојките кои спортуваат се наоѓаат во дилема за што смеат, а што не смеат. Спортот за време на менструацијата е тема полна со предрасуди, а ние сме подготвени да ги разбиеме

Може ли да вежбам за време на менструацијата?

Постои широко распространето мислење дека е неопходно да се ограничи физичката активност во деновите на менструацијата. Но, ова е предрасуда која фитнес тренерите и денес се обидуваат да ја скршат. Спротивно на популарното верување, можете да вежбате за време на менструацијата. Но, треба да земете во предвид дека вашето тело сè уште е во посебна состојба и да го прилагодите вашиот тренинг на тоа.

Спорт за време на менструацијата: Што е дозволено?

Тренерите тврдат дека со правилно избраниот систем на вежби можете да ги олесните сите симптоми на ПМС и самата менструација. Изберете „мек тренинг“: пилатес, јога, истегнување. Вежбите за подвижност на колковите и оние кои вклучуваат релаксација на карлицата ќе помогнат да се ублажат грчевите.

Физичката активност го стимулира ослободувањето на ендорфинските хормони. Дава енергија и го подобрува расположението. Бидејќи производството на прогестерон и естроген се намалува, жената често се чувствува депресивно за време на менструацијата. Професионалните спортисти дури можат да почувствуваат наплив на сила ако го прилагодат својот тренинг на вистински начин.

Спорт за време на менструацијата: Што не треба да се прави?

1. Непожелно е да се прават вежби како што се глутеалниот мост или разни истегнувања кои ја доведуваат карлицата на ниво над градите;

2. Избегнувајте кревање тегови, особено ако менструацијата е тешка и болна. Кревањето тегови го забрзува крвотокот, а со тоа и менструалното крварење;

3. Избегнувајте кардио. Менструацијата е тесно поврзана со нивото на стрес во телото. Затоа одлучете се за помирни вежби. За рекреативците се создадени јога и пилатес, како и вежби за дишење.

Вежби кои ги ублажуваат менструалните болки

Болните интервали за време на менструацијата често стануваат пречка за тренинга. Сепак, ова е грешка. Главната причина за менструалните болки е грчењето на матката, а токму вежбите би можеле да ви помогнат да се ослободите од болката.

Најново

Последни колумни