Халанд против Пепе: Норвешка и Брегот на Слоновата Коска во битка за дуел со Бразил

Брегот на Слоновата Коска и Норвешка вечерва од 19 часот ќе се соочат во шеснаесетфиналето на Светско првенство во фудбал 2026, а победникот ќе обезбеди место во осминафиналето против Бразил. Брегот на Слоновата Коска до елиминациската фаза стигна како второпласиран во својата група, зад Германија, а пред Еквадор и Курасао.

Норвежаните, пак, ја освоија втората позиција во групата зад Франција, оставајќи ги зад себе Сенегал и Ирак.

Познати се составите

Брегот на Слоновата Коска: Фофана, Дуе, Косуну, Агбаду, Конан, Сангаре, Кеси, Улаи, Диоманде, Николас Пепе, Бони.

Норвешка: Ниланд, Педерсен, Ајер, Хегем, Волф, Берге, Берг, Мартин Одегард, Антонио Нуса, Александер Сорлот, Ерлинг Халанд.

Главен судија на натпреварот е Хесус Валенсуела. Победникот од овој дуел на 5 јули ќе се сретне со Бразил во осминафиналето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс