Франција и Шведска вечерва од 23 часот ќе се соочат во шеснаесетфиналето на Светско првенство во фудбал 2026 во Њујорк. Франција влегува во натпреварот како изразен фаворит, откако групната фаза ја заврши на првото место пред Норвешка, Сенегал и Ирак. Шведска, пак, се пласираше во нокаут-фазата како третопласирана зад Холандија и Јапонија, а пред Тунис.
Победникот од вечерашниот натпревар ќе игра против Парагвај во осминафиналето. Франција ќе биде ослабена поради отсуството на Маркус Турам, додека настапот на Н’Голо Канте е неизвесен. Кај Шведска ќе недостасува дефанзивецот Исак Хиен. Главен судија на натпреварот ќе биде Дени Макели.