СП 2026: Денес се игра европско дерби Португалија – Шпанија, нова контроверзија ја тресе ФИФА

Денес на Светското првенство се играат осминафиналните дуели Португалија – Шпанија и САД – Белгија, а во пресрет на натпреварите ФИФА повторно е во центарот на критиките поради случајот со Фоларин Балогун.
epa13081716 Argentina's Lionel Messi attends a training session at the Inter Miami stadium in Fort Lauderdale, Florida, USA, 02 July 2026. Argentina will face Cape Verde on 03 July in a 2026 FIFA World Cup Round of 32 match. EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Светското првенство продолжува со деветтиот ден од нокаут-фазата, а денешната програма носи две осминафинални пресметки и нови контроверзии. Во 21:00 часот ќе се одигра големото европско дерби меѓу Португалија и Шпанија, додека во 02:00 часот по македонско време силите ќе ги одмерат САД и Белгија.

Досега се познати две четвртфинални двојки: Франција – Мароко и Норвешка – Англија.

Португалија и Шпанија во дерби на осминафиналето

Првиот натпревар од денешната програма носи пресметка меѓу двата големи ривали од Пиринејскиот Полуостров. Португалија обезбеди пласман во осминафиналето по контроверзната победа над Хрватска, додека Шпанија убедливо ја елиминира Австрија.

Вториот натпревар веќе предизвикува бројни реакции поради одлуката на ФИФА да ја поништи суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун, кој доби црвен картон на претходниот натпревар, но сепак ќе може да настапи против Белгија.

Според дел од медиумите, врз оваа невообичаена одлука можеби влијаеле политички притисоци, па дури се споменува и можна вмешаност на Белата куќа. Овие информации засега не се официјално потврдени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс